мај 8, 2026

Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 мај 2026

Почитувани волонтери, вработени, поддржувачи и почитувана јавност

По повод 8 мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, стоиме пред една вредност која не се мери со зборови, туку со дела, и не се објаснува целосно, туку се живее – хуманоста.

Во суштината на човечкото постоење, покрај сите разлики што не обликуваат, постои една тивка, но длабока заедничка вистина: секој човек е ранлив и секој човек може да биде утеха за другиот. Во таа меѓусебна зависност се раѓа смислата на хуманоста – не како обврска.

Денес, повеќе од кога било, мотото „Хуманоста не обединува“ не вистинската заедница не се гради врз сличност, туку врз способноста да се препознае другиот во неговата болка, надеж и достоинство. Денес не одбележуваме само датум, туку ја потврдуваме една постојана заложба: дека човечноста не е идеал на далечина, туку практика на секојдневието.

Честит 8 Мај – Светски ден на Црвениот крст. ❤️

< врати се назад