
Работна средба на координатори на млади на ООЦК и ЦКГС 2026
На 15 септември 2026 година, во просториите на Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија во Скопје, се одржа работна средба со координаторите за млади од општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје. На средбата присуствуваа претставници од 32 ООЦК и ЦКГС, со цел размена на информации, координација и утврдување насоки за реализација на планираните младински активности.![]()
Во рамки на работната средба беа разгледани реализацијата на Националниот младински летен камп „100% Црвен крст“ и обуката за шминкери, насоки за програмата „Зелен волонтеризам“ и одбележувањето на Неделата на млади за 2026 година, како и подготовката на акциските планови за младинско работење за 2027 година.
Дополнително, беа споделени информации за летните програми на клубовите на млади и беа дискутирани актуелните предизвици и потреби во младинското работење, со цел унапредување на координацијата и поддршката на локално ниво.
Работната средба овозможи директна размена на искуства и добри практики, како и усогласување на понатамошните чекори за реализација на младинската програма во текот на 2026 година и подготовка на активностите за 2027 година.



< врати се назад











































