
Недела на хигиенизација, 08-15 април 2026
🧼🫧Промоцијата на хигиена е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превензија на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците од Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена.
Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Македонија, во периодот од 08 до 15 април 2026 година ja одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото “ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.🫧

< врати се назад











































