
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
На 10 јуни 2026 година се одржа Конститутивно-изборната седница на Советот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија, со што официјално беше конституиран новиот состав на младинското раководство за мандатниот период 2026–2028 година.
На седницата учествуваа 24 делегати од општинските организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје, кои ги избраа претставниците што во наредните две години ќе ја предводат младинската структура на организацијата.
За Претседател на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија е избрана Елена Кузманоска, додека за Потпретседател е избран Емир Несими.
За членови на Координативното тело на млади се избрани:
🔹 Борче Исакоски
🔹 Клементина Ѓорѓиева
🔹 Марко Јаневски
🔹 Ангела Георгиева
🔹 Михаела Петровска
Воедно, Елена Кузманоска е избрана и за делегат во Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија за мандатниот период 2026–2030 година.
Со ова успешно беа формирани органите на Советот на млади, кои ќе имаат значајна улога во развојот на младинската програма, промовирањето на хуманите вредности и поттикнувањето на младинскиот активизам низ државата.
На новоизбраните претставници им посакуваме успешен мандат, исполнет со нови идеи, енергија, посветеност и позитивни промени во заедниците.
Од ООЦК Крушево претставник е Михаела Гиноска.

< врати се назад











































