август 31, 2026

Бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик, Дојран 2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка и со поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во текот на летниот период започнувајќи од 01.07.2026 до 28.08.2026 година реализира проект „Одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток – лето 2026”.
Во рамките на проектот, ангажираните волонтери – воспитувачи/стручни соработници на општинските организации на Црвениот крст ги придружуваат децата за време на нивниот престој во х.Полин во Дојран за што подготвуваат програма на активности во текот на една смена (шест ноќевања – седум дена).

Tags:
< врати се назад