
Успешна реализација на бесплатни гинеколошки прегледи
Во периодот од 18 март до 1 април 2025 година, општина Крушево се реализираа бесплатни гинеколошки прегледи за жените од градот и населените места, со цел превенција од рак на грлото на матката. Во оваа успешна акција извршени беа 92 прегледи и жените беа третирани соодветно. Во соработка со ЈУ Здравствен дом Крушево, прегледите се вршеа во соодветна просторија во Здравствениот дом. Благодарение на ООУ Св. Кирил и Методиј од с. Бучин, еден ден реализиравме прегледи во соодветна просторија во училиштето.
Со работата на мобилната амбуланта се зголемува бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои направија бесплатни гинеколошки прегледи и се подигнува свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.
Контролите ги вршеа гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во Македонија.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.
Во оваа акција се вклучија и ДМ маркетите, со донација на влошки и гел за интимна нега.
