јануари 17, 2025

Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше 25.01.2025

По повод 25.01.2025 година, роденденот на Тоше, традиционално организираме крводарителска акција во Спомен куќа на Тодор Проески во Крушево. Во периодот од 09 до 16 часот Ве покануваме во духот на хуманоста да дарувате крв и да спасите нечиј живот.

Не мора да бидеш доктор за да спасиш нечиј живот. Оддели 15 минути и спаси 3 животи! Кога даруваш крв, подаруваш уште еден роденден, уште една годишнина, уште еден ден на плажа, уште една ноќ под ѕвездите, уште еден разговор со пријателите, уште една смеа, уште една прегратка, уште една ШАНСА!

Секој може да стане спасител! Имај големо срце, донирај крв!

Животот што ќе го спасиш можеби ќе биде на твоето дете. Солзите на мајката не можат да го спасат животот на детето, но твојата крв може. Крвта е најдрагоцениот подарок што може некој да го добие од друга личност. Секој крводарител е херој!

Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.

Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација

< врати се назад