
Светски ден на ментално здравје, 10 октомври 2025
На 10 октомври се одбележува Светски ден на ментално здравје. Во време на кризи, катастрофи и неизвесност, грижата за менталното здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото. Кризите оставаат траги – затоа е важно да зборуваме, да слушаме и да бидеме поддршка еден на друг.
Црвениот крст на Република Македонија постојано работи на промоција на психолошка поддршка и ментална благосостојба, особено во моменти кога најмногу ни се потребни сила, разбирање и човечка топлина.
Во рамки на одбележувањето на Светски ден на ментално здравје, општинските организации на Црвениот крст и ЦКГС одржаа работилници на тема: „Важноста на менталното здравје при кризни состојби“ за различни целни групи.

< врати се назад











































