
Светски ден на лицата со попреченост, 3 декември 2025
Црвениот крст на Република Македонија на 3 декември одбележува Меѓународен ден на лица со попреченост. Целта на одбележувањето е подигнување на свеста за важноста од еднаквост, инклузија и почит кон секој човек.
Лицата со попреченост се рамноправни членови на нашата заедница. Нивните способности, силни страни и придонес ја збогатуваат и зајакнуваат секоја средина во која делуваат.
Овој ден на лица со попреченост нè потсетува дека општеството е навистина правично само тогаш кога сите имаат подеднаква можност да учествуваат, да се развиваат и да бидат поддржани.
Да создадеме средина во која секој човек е вреднуван, прифатен и еднакво вклучен.
Црвен крст на Република Македонија преку своите програми и активности континуирано работи на намалување на бариерите и унапредување на пристапноста во заедницата.
Посебен акцент се става на едукација, сензибилизација и промоција на почитување на човековите права. Преку партнерства со институции и граѓански организации се поттикнуваат инклузивни политики и практики.
Вклучувањето на лицата со попреченост во сите општествени текови е предуслов за одржлив развој и солидарно општество. Само со заедничка одговорност можеме да изградиме заедница без предрасуди, во која различноста се препознава како вредност. Да продолжиме да градиме општество во кое еднаквите можности не се привилегија, туку основно право за секого.
Бидете дел од активностите посветени на лицата со посебни потреби.

< врати се назад











































