
91 дарување на крв за роденденот на Тоше
91 дарители со голема љубов даруваа крв на традиционалната роденденска крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше ❤️.
Крводарителската акција традиционално се одржува во Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево. Големиот одѕив на граѓаните е доказ дека Тоше се уште живее меѓу нас и во нас.
Тоше Проески беше крводарител и голем хуманист, човек кој со својата искреност, топлина и несебичност остави длабока трага во срцата на луѓето. Неговата хуманост не се огледаше само во зборовите и песните, туку и во делата. Тој веруваше дека љубовта и грижата за другите се најголемата вредност што човек може да ја сподели.
Погледнете ја галеријата од дарителите на роденденот на Тоше во продолжение.



















< врати се назад











































