февруари 18, 2026

Помош и поддршка за настраданото население предизвикано од поплави во Кичево, Гостивар и Скопје

Поплави во Кичево, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење.

Црвен крст на Република Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за помош. Постојано е во координација со надлежните институции. Вкупно 200 волонтери и вработени на Црвениот крст се ангажирани на терен. Обезбедуваат поддршка и помош за погоденото население.

Во Кичево, вкупно засегнато население со материјална штета се 362 домаќинства. Тоа е околу 1200 лица од кои 250 лица (62 семејства) се евакуирани и привремено грижени во спортската сала „Христо Узунов“. Во згрижените се 61 дете, 178 возрасни и постари лица и 11 лица со попреченост.

Покрај Кичево, погодено е население и во општина Гостивар (село Форино) околу 500 живеалишта. Исто и во општина Сарај (село Буковиќ, Семениште и Горна Арнакија) 30 живеалишта.

Во рамки на хуманитарната интеверција, Црвениот крст обезбеди и дистрибуираше помош на 400 семејства. Тоа се 10 палети вода, 820 ќебиња, 400 хигиенски пакети, 250 пакети со храна, 250 душеци, бебешка храна и хигиена, и нова облека. Црвениот крст во соработка со општина Кичево и локални донатори обезбедува по три топли оброци за 250 лица дневно. Лицата се евакуирани и привремено згрижени.

Дополнително во континуиет се обзебедува и психо-социјална поддршка на погоденото население. На телефонските линии 072-239-077, 072-239-051 за психо-социјална поддршка, досега побараа помош 50 лица.

Црвениот крст останува на терен и подготвен да обезбеди дополнителна поддршка. Дејствува согласно развојот на состојбта и потребите на погоденото населението.

Tags: ,
< врати се назад