април 10, 2025

Недела на солидарност 15-20 април 2025

Црвениот крст на Република Северна Македонија по трагичната несреќа која се случи во Кочани на 16.03.2025 година, веднаш ги стави сите свои расположливи капацитети во обезбедување на потребната поддршка за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва прихолошка поддршка, прва помош и материјална поддршка. Ставени се во функција и донаторските телефонски линии, сметката на солидарност, како и онлајн платформата преку кои можат да се донираат парични средства.

Би сакале да Ве информираме дека „Неделата на солидарност“ која традиционално се одбележува од 15 до 20 април, годинава поради несреќата во Кочани, во рамки на истата исклучиво ќе се спроведуваат акции за собирање на храна, средства за хигиена, облека, обувки, а не и акции за обезбедување на парични средства.

Во текот на оваа недела, 15-20 април, Вашите донации (храна, средства за хигиена, облека, обувки) може да ги оставите во просториите на Црвен крст Крушево, секој работен ден, од 8 до 16 часот.

< врати се назад