
Недела на хигиенизација, 08-15 април 2025
Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Македонија во периодот од 8 до 15 април 2025 година ја одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото „Хигиената – лична обврска за колективно здравје“.
Промоцијата на хигиена е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превензија на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците од Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7 милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена.

Потсетуваме:
- 1,1 милијарди луѓе ширум светот немаат пристап до чиста вода за пиење,
- 2,4 милијарди луѓе немаат пристап до било каков вид на санитарен објект,
- 2 милиони луѓе умираат секоја година како последица од дијареални заболувања.
Што е хигиена?
Хигиената преставува гранка на здравствените науки која што промовира зачувување на здравјето, превенира инфективни преносливи болести и се залага за хигиенска практика и хигиенско однесување на индивидуата.
Зошто луѓето практикуваат хигиена?
– Да превенираат болести,
– да го зачуваат здравјето,
– статус, општествени причини,
– религиозни или културни причини,
– рутина.
Водење на хигиена спречува:
– бактериски, вирусни инфекции,
– заболувања,
– пандемска инфлуенца,
– сезонски грип и настинка,
– инфекции на кожата и очите.
Што опфаќа личната хигиена?
– Хигиена на раце: миење раце пред јадење и после секое одење во тоалет, со чиста вода и сапун.
– Хигиена на тело: прaктикување на капење.
– Дентална хигиена: миење заби два до три пати на ден.
Што е домашна хигиена?
– Хигиена во бањата – како можно место за извор на зараза.
– Хигиена во кујната – чистота на садовите во кои се подготвува храната.
– Проветреност на просторијата – против застој на бактерии и вируси кои се пренесуваат по воздушен пат.
Што е хигиена на храна?
– Добро миење на зеленчук и овошје.
– Добро подготвено месо и месни производи (готвени на висока температура).
– Добро подготвено млеко и млечни производи.
– Следење на рокот на употреба на храната.
– Набавување на храна од сигурни произведувачи.
Правилно миење на раце:

< врати се назад











































