март 1, 2025

Недела на борба против ракот, 01-08 март 2025

Согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Македонија, од 1 во 8 март се одбележува Неделата на борба против ракот, под мотото „Подигни свест, победи рак“.

Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Македониија секоја година се откриваат околу 6.000 нови случани на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. Експертите од Меѓународната унија за рак и СЗО нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и промена на животните навики.

Основната причина за ракот официјално била откриена пред 1923-та година, а пронаоѓачот во 1931 година за ова свое откритие добил Нобелова награда за медицина. Сепак, сосема мал број на луѓе во светот знаат за тоа затоа што вистината била скриена од јавноста. Во 1931 година, германскиот научник Ото Хенрих Варбург (1883-1970) добил Нобелова награда за мир за пронаоѓање на основната причина за ракот, па така, тој открил дека оваа болест е резултат на анти-физиолошкиот начин на живот, односно исхраната богата со намирници кои скиселуваат и недостатокот од физичка активност, што на крајот во телото создава кисела средина недоволно снабдена со кислород

РАКОТ Е ОДБРАНБЕН МЕХАНИЗАМ НА ОРГАНИЗМОТ ПРОТИВ КИСЕЛОСТА.
КИСЕЛОСТА И АЛКАЛНОСТА НА ОРГАНИЗМОТ ЗАВИСАТ ОД ХРАНАТА!

По завршувањето на процесот на варење, храната, зависно од својот нутритивен профил, создава услови за киселост или алкалност во телото, па поедноставно кажано, алкалноста на организмот зависи од она што го јадеме, а степенот на оваа состојба се мери преку pH вредноста на скала од 0 до 14, каде што 7 изнесува неутралната зона, а од 0 до 7 се смета за кисела средина.

Се со цел нашите клетки да можат успешно да функционираат тие би требало да имаат pH вредност сосема малку повисока од неутралната 7, па така, кај здрав поединец оваа вредност изнесува помеѓу 7,40 и 7,45. Нашата крв постојано самата се регулира се со цел да не дојде до метаболична киселост, меѓутоа, многу често храната која што ја консумираме ја закиселува крвта и го загадува нашето тело.

ХРАНА КОЈА ГО ЗАКИСЕЛУВА ОРГАНИЗМОТ:

  • Рафиниран шеќер и сите негови деривати! Шеќерот е најштетен затоа што нема белковини, масти, витамини или минерали, туку само рафинирани јаглехидрати, а неговата pH вредност изнесува 2,1 – многу кисело!
  • Сите видови на месо
  • Производи од животинско потекло: млеко и сирење, павлака, јогурт и слично…
  • Рафинирана сол
  • Рафинирано брашно и сите негови деривати, како што се тестенините, бисквитите, тестото и слично…
  • Леб
  • Маргарин
  • Кофеин
  • Алкохол
  • Тутун
  • Сета индустриски преработена и конзервирана храна со конзерванси, вештачки бои, арома, стабилизатори и слично…
  • Антибиотиците и воопшто, сите лекови

ХРАНА КОЈА ГО АЛКАЛИЗИРА ОРГАНИЗМОТ:

  • Сировиот зеленчук – иако дел од зеленчукот по вкус е кисел, во телото се менува и станува алкално
  • Овошје – Лимонот во внатрешноста на телото има висок степен на алкалност, па токму затоа и не треба да се избегнува поради неговиот исклучително кисел вкус
  • Бадеми
  • Интегрални житарици – единствено просото е алкализирачка житарица, додека сите останати се по малку кисели, но сепак, идеалната исхрана треба да има и одреден процент на киселост, па токму затоа се препорачува и консумацијата на житарици
  • Мед
  • Хлорофил – Зелените билки содржат хлорофил кој што е исклучително корисен за постигнување на алкалност во организмот
  • Вода… Едноставно, без вода не може да се функционира, а истата е задолжена со создавањето на кислород во организмот, па се препорачува пациентите секогаш да се добро хидрирани, пиејќи по мали голтки вода во текот на целиот ден
  • Физичка активност – Вежбањето помага при одржувањето на алкалноста на организмот затоа што на тој начин истиот се снабдува со кислород

ХЕМОТЕРАПИЈАТА НЕ ЈА ПОДОБРУВА, ТУКУ ЈА ЗГОЛЕМУВА КИСЕЛОСТА НА ОРГАНИЗМОТ!

Хемотерапијата го закиселува организмот до таа мера што тоа мора да посегне по алкалните резерви на организмот, се со цел да се неутрализира киселоста жртвувајќи ги минералите, калциумот, магнезиумот и калиумот, кои се дел од коските и забите, ноктите и косата. Токму од таа причина се забележува и појавата на опаѓање на косата кај пациентите кои што подлегнуваат на третман за хемотерапија. Останатите лекови исто така ја зголемуваат киселоста на организмот и токму затоа истите треба да се избегнуваат колку што е можно повеќе. 

ПРАВИЛЕН СООДНОС НА PH ВРЕДНОСТА

Како што постојано се нагласува, речиси и невозможно е ракот да се појави кај личност која што се храни здраво, пие многу чиста вода и редовно вежба. Токму затоа, експертите советуваат дека за да се храните правилно, треба да сте сигурни дека 60% од вашата исхрана е алкална и треба да ги избегнувате производите кои што влијаат на киселоста, како што се газираните пијалаци, слатките и брзата храна.

Се нагласува и дека не треба да се злоупотребува солта, односно дека истата треба да се користи колку што е можно помалку, а во случаи кога се соочувате со некоја болест, исхраната треба да ви биде алкална во 80% од оброците. Доколку станува збор за пациент кој се бори со карцином, главниот совет е тоа дека треба телото да се алкализира колку што е можно повеќе, што може да се направи со помош на исхраната, вежбањето, избегнувањето на стресот и дополнителното внесување на хлорофил. 

ОСНОВНИ КОМПОНЕНТИ ЗА КОНТРОЛА НА МАЛИГНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

1. Превенција на малигните болести е најисплатливиот долгорочен метод за контрола на малигните заболувања.

2. Рано откривање, ја дијагностицира болеста во ран стадиум, кога постои голем потенцијал за излекување (пр. малигни болести на грлото на матката и дојката). Постојат достапни процедури кои овозможуваат рано откривање и ефикасен третман на околу една третина од случаите.

3. Третман, се стреми кон излекување на болеста, продолжување на животот и подобрување на квалитетот на остатокот од животот по потврдувањето на дијагнозата на малигното заболување. Најефективниот и најефикасниот третман е поврзан со програмите за рано откривање и ги следи стандардите за третман базирани на докази.

4. Палијативна грижа, ги задоволува потребите на сите пациенти кои бараат намалување на симптомите и психосоцијална поддршка и грижа, особено на пациентите во напреднат стадиум кои имаат многу мала веројатност дека ќе бидат излекувани и кои се соочуваат со терминална фаза на болеста.

РАНО ОТКРИВАЊЕ – СКРИНИНГ

Следните препораки за скрининг и рано откривање на рак се однесуваат на здрава популација, луѓе кои имаат просечен ризик за заболување од рак, без никакви специфични симптоми. Луѓето кои имаат зголемен ризик за појава на одреден тип на рак треба да следат други програми, кои најчесто се различни во смисла да прегледите се изведуваат на порана возраст и почесто во однос на останатите луѓе. Луѓето кои имаат симптоми кои можат да бидат предизвикани од рак треба веднаш да се обратат на лекар! За луѓето со возраст 20 години и повеќе потребни се периодични лекарски прегледи, со тоа што програмата е насочена кон здравствено советување и во зависност од возраста и полот може да се направат прегледи за рано откривање на карцином на тироидна жлезда, дојка, преглед на усната шуплина, лимфните јазли, тестисите, овариумите итн. Сепак овие прегледи се насочени најмногу кон откривање на не-малигни болести (не-канцерогени болести).

Tags: ,
< врати се назад