декември 1, 2025

Недела на борба против ХИВ/СИДА, 1-7 декември 2025

Црвен крст на Република Македонија во периодот од 1 до 7 декември 2025 година, согласно календарот за традиционални активности ја одбележува Неделата на борба против ХИВ/СИДА под мотото Едуцирај се, превенирај ХИВ/СИДА.

Хив е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ виросот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции. Според сознанијата на Светската здравствена организација, ХИВ останува главен јавно здравствен проблем кој погодува повеќе од 2 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО, додека во светски рамки 37.700.000 возрасни и деца се инфицирани со ХИВ.

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори.

Најчести симптоми се губење на телесна тежина, потење,малаксалост, габични инфекции,модринки по тело, исип, пролив, отечени лимфни жлезди, грозница. Често се манифестира и со појава на инфекции на белите дробови, појава на туберкулоза или малигни заболувања и завршува со смртен исход.

Се пренесува преку: крв, крвни продукти и секрети заразени со вирусот, сексуален контакт без заштита (кондом), пренесување на болеста од ХИВ позитивна мајка на дете.

Не се пренесува преку: гушкање, ракување, бакнување (ако заразениот нема ранички во устата), кашлање и кивање; со користење на јавни говорници, јавни тоалети, базени; со дружење, спортување и работење со ХИВ инфицирано лице; преку облека, храна подготвена од ХИВ инфицирано лице; преку комарци и други инсекти.

Најголем дел од луѓето, кои се ХИВ позитивни, живеат без да се свесни за инфекцијата подолг временски период, којшто може да трае и неколку години, односно инфекцијата во тој период не пројавува никакви препознатливи симптоми. 30-50% од 2,3 милиони лица што живеат со ХИВ во Европа не се свесни дека се ХИВ позитивни, а 50% од оние што се позитивни доцна се дијагностицираат, со што се доцни со пристапот кон третман. Затоа е потребно навремено тестирање за ХИВ за навремено да се отпочне со терапија, доколку лицето е ХИВ позитивно.

Доколку навремено се открие ХИВ, со денешната терапија за ХИВ т.н. антиретровирусна терапија се живее квалитетно и долго. Потребно е само да се зема редовно. Оваа терапија ја има кај нас и е бесплатна за сите пациенти.

ПРЕВЕНЦИЈА

  • Заштитен сексуален однос (кондом)
  • Избегнувајте користење на исти игли при конзумирање на психотропни супстанци
  • Избегнувајте често менување партнери без соодветна заштита
  • Избегнувајте користење медицински услуги во несоодветни услови (нестирилизирани инструменти)

СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ:

  • КАНДИДА
  • КЛАМИДИЈА
  • СИФИЛИС
  • ГОНОРЕЈА
  • ХЕПАТИТ Б.Ц
  • ТРИПЕР
  • ХПВ
Tags:
< врати се назад