октомври 16, 2025

Недела на борба против гладта, 16-22 октомври 2025

Црвен крст на Република Македонија од 16 до 22 октомври 2025 година ја одбележува Неделата на борба против гладта, во чии рамки се организира кампањата „Помислете и на нас“.

Светскиот ден на храната секоја година се одбележува на 16 октомври и промовира свесност за гладот и акција за иднината на храната, луѓето и планетата. Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации го одреди 16 октомври како Светски ден на храната во 1979 година.

Целта е да се постигне безбедност на храна за сите и да се води грижа луѓето да имаат редовен пристап до доволно висококвалитетна храна за да водат активен, здрав живот. На овој ден повеќе од 150 земји се обединуваат за да ја подигнат свеста за проблемите поврзани со сиромаштијата и гладот.

Годинава со одбележувањето на Светскиот ден на храната се повикува на глобална соработка во создавањето мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна.

Според Светската статистика за глад, во 2025 година приближно 9,1% од светското население е погодено од глад. Тоа се повеќе од 735 милиони луѓе кои немаат доволно храна за да водат здрав и активен живот.

Од земјите погодени од војна до регионите најтешко погодени од суша и поплави, кризата се продлабочува, особено за децата, реселените семејства и заедниците кои веќе живеат во сиромаштија. Приближно 25.000 луѓе умираат секој ден поради глад или причини поврзани со глад.

Tags: ,
< врати се назад