ноември 3, 2025

Месец на борба против зависности, ноември 2025

Месец ноември согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Македонија е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол и цигари).
Оваа година месецот на борба против зависности ќе се одбележи под мотото „Информирај се и донеси одлука!“.
За таа цел, Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје организираат врснички едукации за средношколци и панел дискусии за млади со учество на експерти од центрите за социјална работа, здравствени установи и организации кои се занимаваат со оваа проблематика.

Tags: ,
< врати се назад