јануари 15, 2026

Бесплатно зимување за деца, 08-13 јануари 2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади во текот на зимскиот период од 3 до 18 јануари 2026 година организира бесплатно зимување. Тоа е дел од проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права, во хотел ВИП и хотел Манастир во Берово.

Како и во досегашниот период, Црвен крст на РСМ е вклучен во оваа проектна активност, со ангажирање на волонтери на Црвениот крст во улога на воспитувачи со цел да се анимираат децата за време на нивниот шестдневен престој.

Црвен крст Крушево испрати еден волонтер во периодот од 8 до 13 јануари на бесплатно зимување, со втората група на деца.

Tags: ,
< врати се назад