март 17, 2025

Бесплатни гинеколошки прегледи во Крушево!

Започнувајќи од 18 март во Крушево ќе се реализираат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од градот и населените места, со цел превенција од рак на грлото на матката. Во соработка со ЈУ Здравствен дом Крушево, прегледите ќе се вршат во соодветна просторија во Здравствениот дом.

За бесплатен ПАП тест заинтересираните можат да се пријават во Црвен крст Крушево секој работен ден од 10-14 часот или на телефонскиот број 071/379-920, а термините за преглед ќе бидат секој работен ден со почеток од 9:30 часот.

Сите жени кои не добиле резултат од претходните прегледи во 2024 година, да се обратат во Црвен крст, резултатите се пристигнати.

Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.

Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во Македонија.

Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.

< врати се назад