
21 Мај – Ден на осамостојување на Црвениот крст на Македонија
На денешен ден, 1992 година, Црвениот крст на Република Македонија донесе Одлука за осамостојување, симболично следејќи го патот на независноста на државата.
Во 1994 година е донесен и првиот Закон за Црвениот крст на Република Македонија.
На 1 ноември 1995, Националното друштво беше признаено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27 ноември истата година стана полноправна 169-та членка на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Црвениот крст на Република Северна Македонија делува според универзалните седум принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина: Хуманост, Непристрасност, Неутралност, Независност, Доброволност, Единство и Универзалност.
